Уште една
репрезентација дојде до билет за континенталниот собир во 2020, Украина се
пласираше на Европско првенство откако вечерва со 2-1 ја совлада Португалија.
Домаќините поведоа со 1-0 веќе во 6. минута, Јаремчук погоди на асистенција на
Кривцов. Дваесет минути подоцна, Јармоленко донесе 2-0. До крајот на мечот,
Португалија постигна само почесен гол, Кристијано Роналдо од пенал намали на
2-1 и го постигна погодокот број 700 во својата кариера.
Во оваа група,
Србија со 1-2 триумфираше на гостувањето кај Литванија за да остане во игра за
второто место на табелата. Митровиќ беше двоен стрелец на стартот од второто
полувреме, а Казлаускас во 79. минута го постигна голот за домаќините.
Во Групата А,
Англија ја наполни мрежата на Бугарија и стигна до триумф од 0-6 во Софија, во
натпревар кој два пати беше прекинуван и одбележан од расистички навреди и
фашистички поздрави. Рашфорд го отвори резултатот во 7. минута, потоа следеа
два гола на Баркли, а пред крајот на првиот дел, Стерлинг зголеми на 0-4.
Истиот играч погоди по втор пат во 69. минута, а точка на мечот стави Кејн во
85. минута.
Со овие три бода
„трите лава“ се на чекор до првото место во групата, а за втората позиција ќе има
борба до крајот. Косово вечерва со 2-0 ја совлада Црна Гора и ги задржа шансите
за пласман на ЕВРО.
Во Групата Х,
Франција и Турција ги поделија бодовите играјќи 1-1 и направија исчекор кон
пласман на Европско првенство. Исланд со 2-0 ја совлада Андора и ги задржа теоретските
шанси, додека во натпревар без резултатско значење, Албанија со убедливи 0-4
триумфираше на гости кај Молдавија.