Уго Лорис се уште не може да поверува каков подарок добил од газдата на Тотнем

by bojan
1 минути читање
Лорис

Поранешниот голман на Тотнем, Уго Лорис открива дека пред финалето во Лигата на шампиони во 2019 година тој и неговите соиграчи од „спарси“ добиле луксузни часовници на кои било изгравирано „Финалисти“.

Тотнем во 2019 играше финале во Лигата на шампиони, натпревар на кој Ливерпул победи со 2-0.

Уго Лорис сега открива дека тој и неговите соиграчи од „спарси“ добиле луксузни часовници во пресрет на натпреварот, и се ќе било добро доколку газдата Даниел Леви не решил на часовниците да биде изгравирано „финалисти“.

„На четири дена пред финалето, Даниел Леви не собра сите и ни соопшти дека со помош на еден од спонзорите ќе добиеме луксузни часовници. На почетокот, кога ги видовме елегантните кутии, сите бевме возбудени. Но кога ги отворивме кутиите, видовме дека на часовникот е изгравирано името на фудбалерот и зборовите „Финалисти Лига на шампиони 2019““ – открива голманот.

„„Финалисти“ Па кој прави нешто вакво? Се уште се чудам и не сум единствениот. Ако победевме дали ќе побараа да им ги вратиме назад и да изгравираат „Победници“. Имам голема почит за Даниел Леви и се што тој има направено, но ова нема смислам“.

„Без разлика колку е убав часовникот, никогаш не сум го носел. Подобро ќе беше ништо да немаше изгравирано“.

„Со ваква порака изгравирано, сигурно Леви не можел да се изненади од тоа што губевме со 1-0 по само неколку минути“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани