Угарте доби два жолти картони, но не беше исклучен!? (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

На пријателскиот меч меѓу Англија и Уругвај имаше чуден момент, Уругваецот Мануел Угарте доби два жолти картони, но не беше исклучен од игра.

Сите видоа дека првиот жолт картон му беше покажен во 70. минута поради остар старт врз Фил Фоден. Вториот во 87. минута поради приговор. Но, немаше црвен картон.

Коментаторите се чудеа зошто Уругваецот не е исклучен. Некои велат дека првиот жолт картон не бил за него иако снимката и телопот покажаа дека тој „пожолтел“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×