УЕФА започнува формална истрага за трансферот на Нејмар, ќе има санкции или само ќе „замачува“ очи?

by
1 минути читање

Неполни 24 часа
по крајот на летниот преоден рок, УЕФА отвори формална истрага за трансферот на
Нејмар.

Бразилецот се
пресели во Париз откако ПСЖ ја активираше неговата откупна клаузула вредна 222
милиони евра, потег кој ги алармираше гигантите од Европа.

Барса веднаш
обвини дека „Светците“ ги прекршиле правилата за Финансиски фер плеј, од Камп
Ноу посочија дека ниту еден клуб не може да си ја дозволи оваа сума.

Но ПСЖ не застана
тука, вчера реализираше уште една бомба, го донесе Килијан Мбапе за 180 милиони
евра, но за да ги заобиколи правилата на УЕФА за ФФП, зделката официјално се
води како позајмица.

Сепак, клубот од
Париз ќе биде „под лупа“ и европската куќа на фудбалот ќе утврдува дали се
прекршени правилата кои налагаат клубовите да трошат онолку колку што
заработуваат.

Останува да се
види дали ќе има санкции за ПСЖ, или пак УЕФА само ќе „замачкува“ очи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани