Европската куќа на фудбалот го стопирала трансферот на Жан Клер Тодибо од Ница во Манчестер јунајтед, од оваа одлука разочарана ќе биде и Барселона.
„Ѓаволите“ сакаат да донесат нов дефанзивец ова лето и Жан Клер Тодибо е едно од имињата во бележникот.
Сепак, УЕФА не дозволила една ваква зделка и го стопирала трансферот.
Причина за ваквата одлука на европската куќа на фудбалот е тоа што Ница и Манчестер јунајтед имаат ист сопственик и ќе играат во Лига Европа.
Разочарана од оваа одлука ќе биде и Барселона, на „каталонците“ им следуваат 20% од трансферот на Жан Клер Тодибо, и сите милиони се добредојдени за балансирање на сметките.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА