УЕФА силно удри по Манчестер Сити, двегодишна суспензија од ЛШ!

by
1 минути читање

Дисциплинската комисија при УЕФА немаше милост кон Манчестер Сити, конечно еден богат клуб доби голема казна.

Поради сериозни прекршувања на финасискиот фер-плеј и правилата на УЕФА за лиценцирање, Манчестер Сити нема да игра во Лигата на шампионите и во било кои натпреварувања на УЕФА во сезоните 2020/2021 и 2021/2022, плус ќе треба да плата глоба од 30 милиони евра.

Од Манчестер Сити се огласија дека се разочарани, но не и изненадени од одлуката на УЕФА, казната ќе ја обжалат на Судот за спортска арбитража во Лозана.

Ова е голем удар за Манчестер Сити, сега уште пореални стануваат шансите Пеп Гвардиола да си побара нов клуб на лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×