УЕФА отвори нова истарага, на Милан му се заканува забрана за настап во Европа?!

by
1 минути читање

„Росонерите“ веќе имаа проблеми со УЕФА поради ФФП, добија забрана за
настап во Европа, но успешно се жалеа до Судот за спортска арбитража (ТАС) и
добија поблага казна.

Во декември минатата година, Милан доби казна според која ќе му бидат
задржани 12 милиони евра од приходите за настап во Лига Еропа, ќе му биде
дозволено да регистрира само 21 играч во следните две сезони во Европа
(2019/20 и 2020/2021) и доби рок до 30. јуни 2021 да дојде на позитивна нула
или во спротивно ќе биде исклучен на една година од натпреварувањата под капа
на УЕФА (во сезоната 2022/23 или 2023/24).

Но европската куќа на фудбалот сега отвори нова истрага која се однесува на
оваа сезона, како и сезоните 2015/16, 2016/17 и 2017/18.

УЕФА не откри други детали и само посочи дека оваа истрага не е поврзана со
претходната за која веќе Милан беше казнет и која се однесувала за сезоните
2014/15, 2015/16 и 2016/17.

Се говори дека до мај ќе пристигне конечна одлука и Милан би можел да добие
забрана за настап во Европа и тоа веќе за следната сезона со оглед на тоа дека
веќе еднаш ги прекрши правилата за Финансиски фер плеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×