Џанлука Престијани може да добие казна од УЕФА за расистички навреди кон Винисиус Жуниор иако ќе биде тешко да се докаже.
Престијани го стави дресот на уста и веројатно расистички го навреди Винисиус кој збесна откако ги слушна зборовите.
Реагираа и другите фудбалерите на Реал Мадрид.
За разлика од нив, Престијани тврди дека не е точно дека навредата била расистичка. Тој го тврди спротивното.
Случајот ќе биде отворен од страна на УЕФА, фудбалерите треба да кажат се што слушнале на теренот. Но, јасно е дека ќе биде комплицирано да се докаже расизам бидејќи устата на Пристијани беше покриена со дрес.
Едните фудбалери ќе тврдат дека е расизам, другите не.
Како и да е, Престијани сигурно не кажал нешто убаво, па дали УЕФА ќе може да изрече суспензија по тврдења на противнички фудбалери, останува да се види.