Вардар овој
четврток во вечерниот термин од 21 часот и 5 минути на домашен терен во Скопје
го пречекува Зенит од Санкт Петерзбург, во првото коло од групата „Л“ од Лига
Европа, во која се натпреваруваат и Реал Сосиедад и Розенборг.
Тракаи со нова порака до Вардар: Да се разбереме цивилизирано, или ризикувате голема казна
Европската куќа на
фудбалот веќе номинираше за пресметките од првото коло од второто по ранг
европско клупско натпреварување, а според тоа што можеме да го забележиме на
сајтот на УЕФА, стои дека главен арбитар на мечот во Скопје ќе биде 37
годишниот Данец Јакоб Келет.
Од тоа што можеме
да го забележиме во неговите податоци кои се официјални, ова ќе биде прва арбитража
на Данецот за некоја екипа од нашата земја, или пак репрезентација, воедно, тој
нема некои поголеми натпревари на кои ја делел правдата во својата кариера.
Неговата статистика вели дека тој досега покажал вкупно 14 пенали, 8 за домаќините, 6 за
гостински екипи. Понатаму, во однос на исклучувањата, на 8 фудбалери им го
покажал патот кон соблекувалната, половично, како за домашни, така и за
гостински екипи. Данецот има повеќе определено жолти картони како опомени за
гостински екипи (75), наспроти 62 за домашни екипи досега. Сиве овие статистички податоци се базираат на 44 интернационални натпревари на кои тој судел.
На официјалниот
клупски сајт на нашиот првак денес излезе известување до сите љубители на
фудбалот дека е почната продажбата на единечни билети за претстојниот дуел со
рускиот тим.
Извор: sport-express.ru