Извршниот комитет
на европската куќа на фудбалот синоќа имаше средба во Амстердам, се најавуваше
дека може да дојде одлука за одложување на бараж мечевите за ЕВРО 2020, како и
на самото Европско првенство.
Но очигледно главните
луѓе во УЕФА не го есапат многу коронавирусот. Според Дејли Мејл, само две
минути било разговарано на потенцијаната закана која ја носи заразата.
Претседателот Александар Чеферин пак едвај одговори на едно прашање и тоа да
демантира дека Џани Инфантино зборувал за суспендирање на ЕП.
„Разговарав со Инфантино
и тој ми кажа дека никогаш не изјавил дека ЕВРО 2020 може да биде суспендирано
или одложено. Ние сме оптимисти“ – кратко порача Словенецот.
На место првиот
човек на УЕФА, прашањата поврзани со коронавирусот ги одговараше генералниот
секретар, Теодор Теодоридис.
„Напорно работиме
за да го најдеме најдоброто решение. Ситуацијата не е едноставна, но ќе најдеме
решение кое е најдобро и за тимовите и за фановите. Во Италија, календарот е
променет и се прави координација за да се изнајде решение. Се разгледува секоја
случај, секоја ситуација. Нема простор за паника и вклучување на алармите.
Редовно сме во контакт со лигите и клубовите и формиравме работна група која ќе
треба да најде решение за пренатрупаниот распоред поради одложувањето на
мечевите“ – вели Теодоридис.