УЕФА на својот сајт издвои две статистички податоци кои одат во прилог на Вардар (ФОТО)

by
2 минути читање

Сее подготвено за вечерашниот фудбалски
спектакл во Скопје, македонскиот првак Вардар на домашен терен на „Националната
Арена Филип Втори“ го пречекува руски Зенит, во првото коло од групата „Л“ од
Лига Европа.

Во исчекување на
почетните состави на обете екипи, вреди да издвоиме за тоа што напиша УЕФА на
својот сајт на страната на која треба да оди коментар од мечот во Скопје и
детална статистика од истиот.

Освен тоа што Европската куќа на фудбалот издвои дека Вардар е првата македонска екипа која обезбедила место во групната фаза на некое натпреварување на УЕФА, додаде и две статистички податоци, кои секако одат во прилог на нашиот првак.

Вардар е првата
екипа од Македонија која успеала да се пласира во групна фаза од УЕФА

Вардар победи на
сите три средби кои ги одигра на домашен терен во Европа оваа сезона

Зенит загуби три пати на своите четири последни гостувања во УЕФА

Ќе сумираме,
статистиката се чини дека е на страната на нашиот претставник, Зенит е силен и
моќен противник, но не и непобедлив, избраниците на Чеде Јаневски со добра
игра, имаат можност да стигнат до поволен исход од вечерашната пресметка против
тимот од Санкт Петерзбург.

 

Извор:
uefa.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани