864
Фудбалскиот сојуз на Грција многу веројатно ќе заработи казна од УЕФА за натпреварот против Шкотска.
Шкотска славеше победа од 1-0, а одлучувачкиот гол го постигна фудбалерот на Наполи Скот Мектоминеј во 33. минута од пенал.
Во моментите на изведувањето на пеналот можеше да се забележи дека навивачите со ласери го попречуваат шкотскиот репрезентативец.
Ваквата ситуација може да биде причина УЕФА да изрче казна за Фудбалскиот сојуз на Грција и тоа не би било првпат Европската куќа на фудбалот да казни одредена селекција поради ваква ситуација.
Реванш натпреварот е закажан за на „Хампден парк“ во Глазгов на 23 март.