144
Претходно претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ја отфрли можноста за воведување на видео технологија во нивните натпреварувања во блиска иднина, но денешните информации велат нешто друго.
Наводно челниците на УЕФА биле импресионирани ВАР за време на Светското првенство и сакаат што побрзо да го воведат и во Лигата на шампионите.
Се претпоставува дека ВАР во елитното клупско натпреварување ќе биде воведено уште во оваа сезона, но почнувајќи од четвртфиналето.
Конечната одлука за воведување на ВАР во ЛШ треба да биде донесена кон крајот на септември.