УЕФА ќе воведе ново натпреварување?

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги објави германски Билд, се вели дека УЕФА планира да воведе
ново натпреварување на Европските клубови кое би требало да стартува во 2021.
година, истиот извор вели дека турнирот ќе биде надополнување на Лигата на
шампионите, односно Лига Европа.

Весникот
објаснува дека Лига Европа ќе биде намалена на 32 екипи, во моментов има 48
натпреварувачки екипи, а таа бројка од 16 екипи ќе биде префрлена во засега се
уште неименуваниот турнир, исто така место во новото натпреварување ќе има и за
дополнителни 16 екипи.

Засега
не се познати критериумите за квалификациите кои ќе се одржуваат за пласман во
најновото натпреварување.

Од УЕФА потврдија дека постои сериозна дискусија во барањето опции за ново клупско натпреварување под капата на таа организација, но, открија ништо повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×