УЕФА ќе го исфрли Израел од сите натпреварувања, клучниот ден е вторник!

by riste
1 минути читање

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) во вторник ќе одлучува за исфрлување на Израел од фудбалските натпреварувања поради геноцидот во Газа.

Веќе долго време има притисок за исфрлање на Израел од спортот, многумина ги обвинија организациите за двоен аршин со оглед на тоа што Русија веднаш беше исфрлена, а Израелците се уште во спортот и покрај тоа што помина многу време од војната која ја почнаа.

Според медиумите во Израел, големо мнозинство од членките на УЕФА ќе гласаат за нивно исфрлување.

Ако помине гласањето Израел ќе биде исфрлен и од клупскиот фудбал во Европа и од репрезентативниот.

Во меѓувреме Фудбалската федерација на Израел лобира да го спречи гласањето. Победникот се очекува да се знае во вторник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×