УЕФА го избрала домаќинот за финалето во Лигата на шампионите во 2027 година

by Стефан
1 минути читање

Домот на Атлетико Мадрид „Ванда Метрополитано“ според најавата на шпанските медиуми ќе биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 2027 година.

Ако најавите се остварат и УЕФА потврди, тоа ќе биде вторпат во историјата овој стадион да биде домаќин на битката за најпосакуваниот трофеј во европскиот клупски фудбал.

Претходно тука се одржа финалето во 2019 година кога Ливерпул го победи Тотнем со 2-0.

Стадионот на Атлетико е со капацитет за 70.692 гледачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани