Фудбалерите на Динамо Загреб и Макаби Тел Авив ќе го одиграат својот меч од Лигата на Европа во Србија. Според информациите од „Дневник.хр“, натпреварот е закажан за четврток, 2 октомври, во Бачка Топола.
Во последните денови во јавноста кружеа шпекулации и дипломатски притисоци за можноста израелските клубови, како што беше случај со руските претходно, да бидат исклучени од европските натпреварувања. Сепак, УЕФА соопшти дека за сега нема да има никакви промени и дека Динамо ќе мора да отпатува во Србија и да се соочи со Макаби.
Израелската фудбалска федерација и понатаму работи на зачувување на својата позиција во европскиот фудбал, иако постои свест дека во иднина би можело да се појави ризик за нивно исклучување.
За ова второ коло од групната фаза, меѓутоа, нема промени и дуелот меѓу Динамо и Макаби ќе се одигра според првичниот план.