УЕФА ги казни Јамал и Левандовски поради кршење на правилата за допинг, а го суспендира Флик

by 24 фудбал
0 минути читање

УЕФА изрече казни за Ламин Јамал и Роберт Левандовски поради прекршување на антидопинг правилата на последниот натпревар од минатата сезона во Лигата на шампионите против Интер.

Двајцата фудбалери на Барселона не се појавиле на предвиденото место за контрола веднаш по завршувањето на мечот, па за тоа ќе мораат да платат по 5.000 евра.

Казни добија и тренерот Ханси Флик и неговиот помошник Маркус Сорг, кои ќе платат по 20.000 евра поради прекршување на принципите за однесување и коректност. Дополнително, тие се суспендирани на еден меч од сите натпревари во организација на УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×