145
Остануваат уште десет дена до стартот на Европското првенство. УЕФА денеска преку социјалните мрежи за ЕВРО 2020 со македонскиот дрес и бројот 10 го продолжи одбројувањето.
Тие ги прашаа фановите кој е фудбалерот со бројот 10 во нашата репрезентација?
Се уште е нејасно дали УЕФА ќе го прифати барањето на ФФМ да играме со старите дресови, но очигледно во медиа тимот на Европската куќа на фудбалот сме препознатливи токму по него.