Удинезе по втор пат се раздели со Тудор, Несторовски добива нов тренер, во игра се неколку имиња

by
1 минути читање

Игор Тудор по
втор пат се раздели со Удинезе, стратегот минатата година ги спаси
„бело-црните“ од испаѓање во Серија Б, но раководството сега немаше многу
трпение и му врачи отказ по серијата слаби резултати.

Удинезе минатиот
викенд беше тешко поразен на гостувањето кај Аталанта со 7-1, а во средата
пред своите фанови загуби со 0-4 против Рома. Проблем е и ефикасноста во
нападот и постигнати само 5 погодока на 10 натпревари, најмалку во Серија А
оваа сезона.

Тимот на
привремена основа ќе го превземе Лука Готи, а за наследник на Игор Тудор се
споменуваат неколку имиња како Франческо Гвидолин, Пасквале Марино, Давиде Балардини и
Џенаро Гатузо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×