Сенегал ќе биде без Мане, Холандија без Депај кој е во составот на Холандија но не е доволно фит за да го почне Светското првенство од самиот старт.
Селекторот на Холандија, Луи ван Гал, направи споредба меѓу Мане и Депај, својот фудбалер го нарече крал на асистенциите.
„Тоа ќе биде удар за нас исто како што Садио Мане недостасува во селекцијата на Сенегал и ќе биде удар за нив“, вели Ван Гал.
„Мане е исклучителен фудбалер. Го сакав кога бев тренер на Манчестер јунајтед. Го бркав во тоа време“.
„Јас сум фан на Мане и тој навистина ќе му недостасува на Сенегал“.
„Но во исто време, нас ќе ни недостасува најдобриот стрелец и кралот на асистенциите, Депај“.
Натпреварот меѓу Холандија и Сенегал се игра денеска со почеток од 17 часот.