249
Барселона доби нов удар во одбраната, откако клубот потврди дека Алехандро Балде се повредил на тренинг и ќе паузира извесен период.
Иако од „Камп Ноу“ ја нарекоа повредата „мала“, шпанските медиуми јавуваат дека левиот бек ќе биде надвор од терените меѓу три и четири недели. Тоа значи дека младиот дефанзивец ќе ги пропушти дуелите со Валенсија во Ла Лига на 14 септември и гостувањето кај Њукасл на стартот од Лигата на шампионите.
Дополнителна грижа за Барса е фактот што во јануари годинава фудбалерот заработи сериозна повреда на тетивата која бараше операција, поради што го пропушти остатокот од сезоната.