167
31-годишниот голман кој има 94 натпревари за Аргентина, поради повреда на коленото отпадна од составот на Аргентина.
Во понеделникот тој беше на листата на 23. фудбалери за Светското првенство заедно со другите двајца голмани, Вили Кабалеро и Франко Армани, но вчера вечер дојде информацијата дека Ромеро се повредил и нема да брани во Русија.
Од Аргентинската фудбалска федерација потврдија дека Ромеро заработил повреда на десното колено поради која нема да може да се стави на располагање на репрезентацијата.
Аргентина е во групата Д на Светското првенство заедно со Исланд, Хрватска и Нигерија. Првиот меч им е против Исланд на 16. јуни.