Учителот против ученикот на Вембли, Манчестер Сити повторно пресилен за Њукасл (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Манчестер Сити се пласираше во финале на Лига купот, „граѓаните“ вечерва повторно го совладаа Њукасл, овој пат со 3-1.

Пеп Гвардиола и Микел Артета ќе се сретнат на Вембли, Манчестер Сити закажа дуел против Арсенал за трофеј во Лига купот.

„Граѓаните“ вечерва повторно го совладаа Њукасл, овој пат со 3-1 на „Етихад“.

Мармуш го отвори резултатот во 7. минута, истиот играч зголеми на 2-0 по половина час игра, Рајндерс во 32. минута реализираше за 3-0.

Во продолжението од мечот, гостите постигнаа само почесен гол преку Еланга.

Финалето е закажано за 22. март, останува да се види кој ќе биде подобар, учителот или ученикот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×