Убедливи победи на Реал Мадрид и Барселона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид и Барселона ја продолжуваат трката за титулата во Примера откако денеска остварија нови победи над своите противници.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Севиља беше отворен со контроверзен но регуларен гол на Начо во 10. минута, изведе брз слободен удар додека се местеше ѕидот на противникот, но судијата не даде знак дека по негов свиреж треба да се шутира.

Потоа следуваа два гола на Роналдо со кои Португалецот ја надмина бројката од 400 погодоци за Реал Мадрид, а точка на натпреварот стави Тони Крос.

Барселона со идентични 4-1 славеше на гостувањето кај Лас Палмас и се оддржа на врвот но има натпревар повеќе од Реал Мадрид.

Херој на вечерашниот меч беше Нејмар кој постигна хет-трик, еден беше дело на Суарез.

Спортинг Хихон и покрај победата од 1-0 на гостувањето кај Еибар, на коло пред крајот испадна од Примера.

Атлетик Билбао одигра само 1-1 против Леганес, со истиот резултат заврши и дуелот помеѓу Бетис и Атлетико Мадрид.

Реал Сосиедад и Малага одиграа 2-2, немаше погодоци само на дуелот помеѓу Виљареал и Депортиво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани