246
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува во петок на 8. август, а Македонската телевизија најави преноси на сите мечеви во новата сезона.
Сезоната ќе почне со мечот меѓу Шкендија и Шкупи кој се игра во петок од 17 часот, а три часа подоцна на програмата е и вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер.
Овие два меча, како и сите идни до крајот на сезоната ќе бидат пренесувани на МТВ.