У21: Македонија ги доби противниците за квалификациите за ЕП 2019

by
1 минути читање

Македонија ќе игра во групата 7 каде што фаворит ќе биде селекцијата на Србија, противници на македонските надежи ќе бидат уште и Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.

Првопласираните селекции од деветте групи ќе обезбедат директен пласман на Европското првенство во Италија и Сан Марино. Најдобрите осум второпласирани ќе играат бараж по кој уште четири селекции ќе се пласираат на континенталното натпреварување.

Италија како домаќин ќе има загарантиран пласман на Европското првенство, но не и Сан Марино кој ќе игра квалификации.

Македонските надежи во минатите квалификации го донесоа најголемиот успех во Македонија кога фудбалот е во прашање, пласман на Европското првенство во Полска. Низ следните квалификации селекторот Боби Милевски ќе предводи нова генерација, но целите остануваат исти.

Група 7

Србија

Австрија

Русија

Македонија

Ерменија

Гибралтар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани