Македонскиот фудбал има
иднина, ако ја земеме во предвид селекцијата до 19 години, која предводена од
клупата од Вујадин Станојковиќ бележи фантастични резултати.
По победите над
Швајцарија и пред се’ Белгија,
нашите надежи славеа убедлив триумф од 6-0 над аутсајдерот Лихтенштајн во
последното, трето коло од квалификациската група „5“ која ја завршуваме со
максимални три победи.
Митровски постигна
хет-трик, по еден гол реализираа Чурлинов, Колевски и Миовски.
По ова, следат елитните
квалификации за пласман на Европското првенство во Финска кое се одржува идната
година, а резултатите во оваа фаза од квалификациите ветуваат многу од оваа
генерација.
Квалификациите во нашата
група се одржаа во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а ждребката
за елитните квалификации ќе се одржи во Нион на 6 декември.
Фото-вест:
ffm.mk (архива)