Младата македонска
фудбалска репрезентација за фудбалери до 19 години и повеќе од успешно ја мина
првата квалификациска рунда за пласман на Европското првенство во Финска идната
година, откако обезбеди максимални три победи во својата група, и тоа против Белгија,
Швајцарија и Лихтенштајн.
Од Европската куќа на
фудбалот потврдија дека нашите надежи ќе бидат носители на ждрепката која на 6
декември ќе се одржи за елитната фаза на квалификации.
Избраниците на Вујадин
Станојковиќ се едни од седумте носители-селекции во првиот шешир.
Она што е сигурно, во
елитната фаза квалификации ги избегнуваме Шпанија, Германија, Чешка, Романија и
Данска. Но, задачата воопшто нема да биде лесна ако се земат во предвид
останатите шешири, на пример во вториот е сместена Англија, Италија, Украина,
Австрија, Франција, Република Ирска, како и Холандија.
Извор:
uefa.com
Фото-вест:
ffm.mk (архива)