У17: Младите надежи тргнаа со реми без голови против БиХ

by
1 минути читање

Младата македонска фудбалска репрезентација за фудбалери
до 17 годишна возраст одигра реми без голови против соодветната
селекција на Босна и Херцеговина, во воведното коло од квалификациската група „8“
за пласман во Елитната фаза на УЕФА во квалификациите за Европскиот турнир во Англија идната година.

Се
играше рамноправно, нашите надежи имаа свои шанси, пред се
во првиот дел
каде крилото Јусуфов и правеше големи проблеми на противничката одбрана, но сепак, мрежите од обата гола мируваа до крајот на средбата.

Следен противник за нашите надежи е Словачка, а тој
натпревар е предвидено да се одигра на терен во четврток.

Во нашата квалификациска група се наоѓа и соодветната
селекција на Молдавија, а квалификацискиот турнир се игра во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Фото-вест: ffm.mk (архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани