77
Младата македонска фудбалска репрезентација за фудбалери
до 15 години претрпе убедлив пораз од 0-5 од Турција, на првиот од двата контролни
натпревари на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Само две посериозни шанси осамнаа зад нашиот состав од
овој контролен меч, и тоа оние на Дарко Марковски и Славче Живков.
Нашата селекција настапи во следниот состав: Ваневски,
Алиоски, Стојчевски, Деспотовски, Рамадани, Рекипи, Стојановски, Фета,
Марковски, Мишовски и Елези.
Уште играа и Митрев, Шаурек, Крстевски, Давков, Живков,
Ѓурѓиевски, Ќосевски, Рамадани, Самет и Николовски.
Следната пресметка помеѓу обете селекции е предвидена да
се одигра во четврток.
Извор/Фото-вест: ffm.mk