Младинската
фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 19 годишна возраст
предводена од селекторот Вујадин Станојковиќ славеше нова победа над селекцијата
на Бугарија, овој пат со 3-2 во втората контролка во само два дена на тренинг
центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Во првиот меч
нашите млади фудбалски надежи извојуваа минимална победа од 1-0 со голот на
Атанасов од пенал, денес мечот го одбележаа пет погодоци а повторно творец на триумфот
беше истиот играч.
Дури четири пати
се тресеше мрежата во првиот дел од мечот, Македонија преку Богдановски и
Миовски дојде до предност од 2-0, но гостите резултатски целосно се вратија во
игра откако Кабов со два гола и донесе израмнување на Бугарија.
Конечните 3-2 за
победа на Македонија ги постави Атанасов.
Македонија: Благојче
Иванов, Михаил Маневски, Енис Фазлагиќ, Антонио Митрев, Оливер Стоимановски,
Јани Атанасов, Никола Богдановски, Филип Антовски, Бобан Миовски, Марио
Станковски, Алтин Сефо;
Христијан Стевковски, Кирил Ристовски, Бојан Колевски, Елиф
Елмас, Кристијан Трапановски, Христијан Делевски, Филип Стојчевски;
Фото: ffm.mk