Фудбалската
репрезентација на Македонија за играчи до 17 години одигра нерешено против
соодветната селекција на Црна Гора на првиот контролен меч кој се одигра на
тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Надежите
ремизираа со резултат 1-1, а противничкиот табор прв го отвори мечот на
резултатски план со голот на Никола Медојевиќ во 14 минута, а Мартин Ѓоргиевски
освен што донесе израмнување на нашата селекција, уште во 41 минута го постави
и конечниот исход на мечот.
МАКЕДОНИЈА:1. Стефан Јованоски, 3. Матеј Јаневски, 5. Марко
Стојилевски, 6. Амир Беќири, 7. Кире Стојанов, 8. Мартин Ѓоргиевски, 9. Зани
Назифи, 10. Азис Јамини, 10. Филип Јовановски, 14. Андреј Аризанкоски, 16. Амир
Нухија;
Замени: 12. Самоил Талевски, 2. Мартин Јовановиќ, 4. Анес
Мелиќи, 13. Лорик Каба, 15. Хадис Таири, 17. Филип Закоски, 18. Максим
Бундалески, 19. Никола Величковски, 20. Сулејман Умерфарук;
Фото-вест: ffm.mk