18 годишниот
голман беше во центарот на вниманието изминативе неколку недели поради
неизвесноста која настана околу неговата иднина.
Џиџо Донарума на
маса имаше нов богат договор од Милан, но голманот во четвртокот донесе конечна одлука и одби да ја продолжи верноста
со „Росонерите“.
Па затоа на
негова адреса пристигнуваат голем број на критики и навреди, а слично беше и во
Полска каде Италија вечерва играше против Данска на Европското првенство за
играчи до 21 година.
Фановите на Милан
имаа уникатен протест и со лажни долари го „наполнија“ голот на Џиџо Донарума,
по што на кратко беше прекинат натпреварот.
Социјалните мрежи
не останаа рамнодушни на овој потег на навивачите, па на Твитер му се фаќаше
сеир на „Доларума“ и најчесто се постираше слика на која ликот на Донарума и
неговиот агент Рајола беа залепени на дечињата кои ги собираа парите.