Првата ѕвезда на
италијанскиот првак Јувентус, Кристијано Роналдо според информациите кои
пристигнуваат дал согласност за желбата на клубот да соработува со Маурицио
Сари, односно тој да го преземе кормилото по заминувањето на Масимилијано
Алегри.
„Тутоспорт“ на
својата насловна објави дека Португалецот рекол „ДА“ за искусниот италијански
фудбалски стратег кој моментално е на клупата на Челси и сезонава го подигна
трофејот во Лига Европа, сепак, извесно е дека ќе дојде до разделба помеѓу него
и Премиерлигашот, а воедно ќе се врати во Серија А, по доста успешното
менаџирање со Наполи претходно.
Се верува дека
Сари е во исчекување на одговор и одобрение од Челси пред да се пресели во
Торино, а наводно Роналдо е „љубопитен“ и едвај чека да соработува со
Италијанецот кој секогаш е високо оценет од напаѓачите.
data-lang="en">