22 годишниот македонски репрезентативец и член на
шпанскиот прволигаш Леванте, Енис Барди со своите игри се чини дека ги
активираше европските гиганти да почнат да размислуваат како до неговиот
потпис.
Патот до неговиот потпис води до 25 милионската откупна
клаузула која стои во договорот на македонскиот фудбалер, за кого се чини дека
Леванте подготвува нов, побогат договор со важност до 2022. година, а со самото
тоа сигурно и поголема откупна клаузула, ако се земе во предвид „лудиот“
трансфер маркет кој настана ова лето.
За тоа дека Леванте кова планови како да ги реши сите
дилеми околу Енис, говори и „Тутомеркато“ кој излезе со интересен наслов дека
нашиот фудбалер веќе е мета на неколку големи европски клубови, а за него за
подготвува нов договор од тимот од Леванте.
Извор: tuttomercatoweb.com