Турски „Споркс“: Три европски гиганти ќе го следат Елмас во дербито со Галатасарај

by
1 минути читање

Претстојниов
викенд во најсилниот турски фудбалски шампионат ќе проследиме мега дерби
пресметка помеѓу Фенербахче и Галатасарај, а тоа за домашниот состав ќе биде
меч од големо значење со оглед на тоа што се борат за опстанок во Суперлигата.

Фенербахче има
катастрофална сезона зад себе, а од друга страна пак, Галатасарај сигурно нема
да отиде со бело знаме на дербито и ќе јуриша на бодови, а истовремено ќе
очекува кикс на водечкиот Истанбул Башакшехир кој има шест бода предност на
табелата.

Веќе е познато
дека нашиот 19 годишен интернационалец од редовите на Фенербахче, Елиф Елмас,
подолг период е следен од неколку европски гиганти кои се заинтересирани за
неговиот потпис, извесно е дека водечки екипи се Манчестер Сити и Борусија
Дортмунд кои постојано се споменуваат, а изминатиов период активен е Лацио.

Ќе потсетиме
дека медиумите во Италија најавија дека спортскиот директор на римскиот клуб ќе
се обиде „дипломатски“ да дојде до потписот на нашиот репрезентативец и ќе ги
искористи своите конекции во Турција, има интерес и од Премиерлигата, особено од Тотнем, каде првиот човек на клубот Даниел Леви веќе повлече чекор за Македонецот.

Турски „Споркс“ денес излезе со вест дека нашиот Елмас ќе биде следен од три клубови на дербито
во недела, се вели дека претставници од Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и
Зенит ќе го гледаат во живо настапот на Македонецот на мега дербито во Турција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×