Роберт Левандовски продолжува да игра на високо ниво во дресот на Барселона, но неговата иднина и натаму е отворено прашање. Полскиот напаѓач има 37 години и во клубот внимателно размислуваат дали да влезат во преговори за нов договор.
Иако Барселона се двоуми поради неговата возраст, Левандовски нема да има проблем да најде ново решение. Милан веќе покажа интерес, а Златан Ибрахимовиќ активно лобира за негов ангажман. Но не заостанува ниту Фенербахче.
Турската лига во последните години стана атрактивна за искусни фудбалери кои покрај финансискиот аспект имаат можност да се натпреваруваат со своите клубови во Европа. Фенербахче гледа во Левандовски огромно засилување и сериозно ја проучува опцијата.
Самиот Левандовски нема намера да брза. Одлука за својата кариера ќе донесе дури по квалификациите за претстојното Светско првенство, а дотогаш сите заинтересирани клубови ќе мора да чекаат.