Турски „Фанатик“ со специјално издание за македонскиот бомбардер Адис Јаховиќ (ФОТО)

by
2 минути читање

Македонскиот напаѓач од редовите на турскиот Суперлигаш
Гезтепе, 30 годишниот Адис Јаховиќ е моментално прв стрелец во тамошниот
фудбалски шампионат со 11 погодоци од девет одиграни меча.

Со тоа нашиот фудбалер е помеѓу водечките напаѓачи на
листата на стрелците во најдобрите лиги од шампионатите низ Европа.

Новајлијата во Суперлигата на Турција, Гезтепе заостанува
само шест бода зад лидерот Галатасарај, а херојот за тимот од Измир е во фокусот
на вниманието на тамошните медиуми речиси секојдневно, па така се најде на
насловна на „Фанатик“, кој подготви специјално издание за Македонецот.

Се уште не се знае исходот од преговорите помеѓу Гезтепе и Јаховиќ околу евентуално продолжување на соработката помеѓу обете страни, ако се земе во предвид дека договорот на Македонецот со клубот истекува идното лето.

Познато е дека неколку познати клубови од Европа стојат во редот за нашиот фудбалер, како Бешикташ, Анталијаспор и пред се’ ЦСКА Москва, која се чини беше најкокретна во својата понуда до Гезтепе, како и македонскиот напаѓач.

Извор: fanatik.com.tr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани