30 годишниот македонски интернационалец од редовите на
Гезтепе, напаѓачот Адис Јаховиќ е топ тема во Турција, неговиот хет-трик во
победата на гостувањето кај Сиваспор во шестото коло од Суперлигата на
тамошниот шампионат само му ја „набилда“ фантастичниот статистички учинок
засега на стартот од новата сезона.
Јаховиќ е веднаш зад Бафетимби Гомис од Галатасарај и
Бурак Јилмаз на листата на стрелците во Турција, и заостанува само еден гол зад
нив, поточно во моментов има постигнато шест погодоци од исто толку одиграни
натпревари.
Гезтепе е најпријатното изненадување во Суперлигата на
Турција, со 13 бода е на делба на второто место заедно со бранителот на
титулата, тимот на Бешикташ, а заостанува само три бода зад лидерот
Галатасарај.
Фантастичните игри во силниот турски шампионат на Адис
Јаховиќ му донесоа и специјална сторија на популарниот спортски канал „Беин
спортс“ во турска верзија.