Жозе Мурињо направи нова глупост во Турција по четвртфиналето на Купот во кое Фенербахче загуби од Галатасарај (1-2).
Португалецот го фати противничкиот тренер Окан Бурук за нос, па потоа настана голем хаос на теренот. За овој потег на Мурињо зборуваше поранешниот турски фудбалер Нихат Кахвеци кој сериозно го критикуваше искусниот тренер.
Тој зборуваше дека на Фенербахче воопшто не му бил потребен Мурињо на клупата.
„Не разбирам зошто Мурињо дојде во Турција? Ова е прашање до фановите на Фенербахче. Прашајте го раководството, откако тренерот Исмаил освои 99 бода, зошто си замина? Не знам што се случи и зошто дојде до промена. Сега доаѓа Мурињо за да прави хаос за да го штипне противничкиот тренер за носот. Што значи тоа? Првпат гледам такво нешто, не разбирам зошто некој тоа би го направил. Скокаш како мајмун, а цела заедница на Фенербахче те поддржува“, прокоментира Кахвеци.