172
Дефанзивецот на Хофенхајм, Никлас Шиле важи за најперспективниот одбрамбен играч во Германија. Од наредната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен, потпиша за германскиот гигант, а претходно одби понуда од Челси.
Шиле кој ги има поминато сите германски селекции, а веќе дебитираше и за сениорската, открива еден интересен момент поврзан со Турција.
„Кога играв за Германија У16, добив повик од Турската фудбалска федерација да играм за нив, моето презиме (Süle) им звучело турски, а јас немам никаква поврзаност со таа земја“ – изјави Шиле.
Шиле сепак не е чист Германец, има и унгарско потекло по неговиот татко.