Турската фудбалска федерација го одби барањето на Фенербахче за Елмас

by
1 минути читање

И покрај тоа што доби специјална дозвола од Меѓународната
фудбалска федерација (ФИФА) за регистрација на 17 годишниот Елиф Елмас во
својот тим, сепак, Фенербахче не доби зелено светло и од Турската фудбалска
федерација во однос на овој случај, кој по ФИФА, се пресели во тамошната Куќа
на фудбалот.

Како што и пишувавме во текот на вчерашниот ден,
дозволата од Турската фудбалска федерација беше мошне потешко да се добие во
однос на онаа од ФИФА, со оглед на правилата кои ги налага турскиот фудбал за
вакви ситуации, а кои на одредени тамошни медиуми не им беа јасни, па бараа
објаснување за одредени ставки и точки од правилникот.

Сега е веќе сејасно, Елиф Елмас и покрај тоа што ќе наполни 18
години за шест денови, сепак ќе мора да го сочека следниот преоден рок по што
ќе може да биде пријавен и ќе има можност да настапува за Фенербахче.

 

Извор: haberturk.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани