Турската федерација го суспендираше Мурињо

by Стефан
1 минути читање

Жозе Мурињо заработу суспензија и во наредните четири натпревари нема да го води Фенербахче.

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција го суспендираше Мурињо поради коментарите дадени по дербито со Галатасарај.

Мурињо по натпреварот го критикуваше однесувањето на клупата на Галатасарај и го спореди со скокање на мајмун, а тоа беше оценето како расизам.

Поради суспенизјата, Фенербахче без Мурињо ќе биде во натпреварите против: Анталијаспор, Самсунспор, Бодрумспор и Трабзонспор.

Галатасарај исто така поднесе и тужба во која бараше суспензија за Мурињо и до шест месеци. Од друга страна во јавноста се огласија Дидиер Дрогба, Микел Есиен и Вилфред Заха кои застанаа во одбрана на порутгалскиот стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×