Jaja Tуре беше дел од славната генерацнија на Барселона која доминираше во европскиот фудбал, а во разговор со Рио Фердинанд откри интересна приказна од соблекувалната на каталонскиот гигант.
Во летото 2007 година во Барселона од Монако пристигна Роналдињо во период кога неговите најдобри денови полека изминуваа, но магијата и понатаму не бледееше. Туре раскажа како Роналдињо на почетокот изгледал целосно вообичаено, но наскоро следела голема промена.
Туре раскажа како еден ден без причина Роналдињо имал нешто да му каже.
„Јаја внимавај, ако ми се добилижиш, ќе направам будала од тебе“, му се обратил Роналдињо.
Во тој момент Туре мислел дека станува збор за шега, но набрзо сфатил дека Бразилецот е сериозен.
„Секогаш кога ќе дојдев до него, ми ја протнуваше топката низ нозе“, низ смеа раскажа Туре.