Турците се одлучија за радикална промена: Реакциите на Мурињо имаа ефект

by Стефан
1 минути читање

Во последниот период Жозе Мурњо често пати изразуваше незадоволство од судењето во Турција и тврдеше дека арбитрите во земјата се наклонети кон Галатасарај.

Големи реакции во јавноста предизвика пеналот кој го доби Дрис Мертенс во минатото коло, но имаше и уште неколку ситуации за кои Мурињо тврдеше дека се показател за фаворизирањето на неговиот ривал.

По таквите реакции Фудбалската федерација на Турција донесе одлука странски судии да го судат дербито кое ќе го играат Фенербахче и Галатасарај.

На табелата Галатасарај во овој момент има шест бодови повеќе од Фенербахче на втората позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани