Жозе Мурињо синоќа направи голема глупост откако за нос го фати тренерот на Галатасарај, Окан Бурук.
Турските медиуми денеска ги вадат правилата на Фудбалската федерација на Турција и објавуваат колкава казна би можел да добие Мурињо.
Ако делото биде квалификувано како неспортско однесување, тогаш Мурињо ќе помине добро, може да му биде изречена суспензија од еден до три натпревари.
Но, ако делото биде квалификувано како физичка агресија, тогаш Португалецот може да добие многу поголема казна, од пет до десет натпревари суспензија. За вака толкуван престап има казна и од 45 до 90 дена.
Фенербахче до крајот на сезоната има уште девет натпревари, а тоа значи дека ако Мурињо добие некоја од најстрогите казни, за него сезоната може да биде завршена.