Турците продолжуваат во јуни, се подготвуваат и за финалето од ЛШ во август

by
0 минути читање

Фудбалот во Турција прекина на 12 март, според плановите на Турската фудбалска федерација тој ќе продолжи на 12 јуни и ќе се игра до 26 јули.

Оваа одлука е донесена по консултација меѓу клубовите, фудбалската федерација и властите.

Претседателот на Турската фудбалска федерација, Нихат Оздемир изрази надеж дека финалето од Лигата на шампионите ќе се одигра во Истанбул како што беше и планирано.

Стадионот Ататурк ќе биде подготвен за големиот меч кој би требало да се игра на 26 август.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×