Поранешниот спонзор на Гостивар и Слога Виница, турскиот бизнисмен Енес Уста, по заминувањето од Македонија си најде нов предизвик, овојпат на Малта.
Уста го презеде раководењето со Санта Луција, клуб што настапува во Втората лига, а освен тоа многу брзо доведе засилувања од Македонија и тоа од неговите поранешни клубови: Андреј Кировски и Масаки Такахара од Гостивар, како и напаѓачот Филип Петковски од Слога Виница.
Со доаѓањето во клубот турскиот бизнисимен најави дека Санта Луција ќе се бори за влез во Прва лига, а амбициите во иднина ќе биле и поголеми. Но, слични беа неговите најави и со Гостивар, меѓутоа на крајот проектот заврши со неуспех.
Останува да видиме како работите ќе се одвиваат на Малта.