100
Фудбалската федерација на Турција му изрече суспензија на Жозе Мурињо поради неговите изјави по мечот со Трабзонспор.
И покрај тоа што Фенербахче победи на гостувањето кај Трабзонспор, Мурињо жестоко распали против судиите и турскиот фудбал воопшто.
Фудбалската федерација на Турција не го игнорираше говорот на Португалецот па му изрече суспензија од еден натпревар. Мурињо нема да го води тимот против Сиваспор.